Генијално архитектонско решение: Ѕирнете во најмалата куќа во Лондон

Архитектите Нина Толструп и Џек Мама реконструираа поранешна такси канцеларија од само 13 метри квадратни, земајќи инспирација од дизајнот на кампер возила и помали јахти.

Минијатурните станови од само неколку метри квадратни станаа секојдневие во бројни светски метрополи каде што трошоците за живот се високи, а побарувачката е исклучително висока.

А Лондон е еден од тие градови.

Сепак, мал стан не мора да биде синоним за пренатрупан простор каде што не можете да се движите. Тоа го докажа архитектонското студио Studiomama кое реши да реновира минијатурна еднокатна куќа во Ислингтон, северен Лондон, и да ја претвори во удобно место за живеење.

Архитектите Нина Толструп и Џек Мама реконструираа поранешна такси канцеларија од само 13 метри квадратни, земајќи инспирација од дизајнот на кампер возила и помали јахти. Иако многумина веруваат дека ова е најмалата куќа во Лондон, сепак има простор за бања со тоалет, кујна со трпезарија, спална соба, па дури и простор за работа и релаксација.

Тајната се крие во мултифункционалниот мебел од иверица кој се прилагодува на потребите. Големиот плакар, на пример, крие кревет на склопување кој може да се подигне и спушта по желба.

Трпезариската маса со клупа за две до четири лица може да се прошири и да се претвори во место за ручек за шест лица. Од шкафот можете да извадите и стоечко биро, кујнска површина за сечкање зеленчук и клупа за истегнување на нозете по долг работен ден.

Ова место изгледа како пријатно место за живеење благодарение на големите прозорци низ кои влегува многу дневна светлина, како и на неутралните бои на мебелот.

Remote video URL
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе