Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, во објава на социјалните мрежи му упати порака на својот поранешен сопартиец Никола Груевски дека сè што тој му правел нему сега му се враќа.

„Порака до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе. По учебникот што им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни“, пишува Георгиевски.

Упатува порака и, како што вели, до ВМРО-Шумадија.

„Порака до ВМРО-Шумадија: Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер, што единаесет години ви даваше власт“, вели Георгиевски.

„Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартијци, кои лежат во затворите вклучувајќи ги и од 27. Да ѝ помогнете на Македонија на патот до Европа“, порачува поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе