Германија има огромен станбен проблем

Германија се соочува со криза во изградбата на станови која би можела да трае со години доколку нејзините услови не се суштински подобрени, сметаат германските економисти и градежни експерти кои ги пренесува германската новинска агенција dpa.

Брзиот раст на трошоците за изградба го отежна приватно финансираната станбена изградба да стане непрофитабилна за многу претприемачи. За да се покријат овие трошоци, киријата на нов стан по квадрат треба да биде 18 евра, проценува Работната група за современо градежништво (ARGE) со седиште во Кил.

Изградбата на станови во Германија е поделена на социјални станови, субвенционирани од државата и приватно финансирани станови, кои треба да бидат самоодржливи.

Според ARGE, просечниот трошок за изградба на квадратен метар станбен простор - вклучувајќи ги и трошоците за земјиште - во моментов е околу 5.200 евра.

„Градењето е едноставно прескапо“, вели Лудвиг Дорфмајстер, експерт за градежништво и недвижнини во минхенскиот институт за економски истражувања Ifo.

„Во мај, градежните цени на конвенционалните нови станови беа за 36 отсто повисоки отколку на почетокот на летото 2020 година.

Зголемувањето на каматните стапки влијае и на приватните градежни и станбени компании.

„Во многу случаи, тие ги одложуваат проектите бидејќи бараната кирија финансиски би ги оптоварувала идните станари“, рече Дорфмајстер.

Во меѓувреме, Владата сериозно ги ограничува субвенциите за нови градби од 2022 година, пишува агенцијата dpa.

„И покрај очекуваните напори на сите инволвирани, не очекувам пресврт на трендот, туку дополнителни сериозни загуби на пазарот“, вели експертот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе