Гинисов рекорд: Ова е најмладиот човек кој го прошетал светот

Британецот Џејмс Асквит е најмладиот маж кој го обиколил светот, а за тоа му биле потребни само 6 години.

Додека на почетокот од 2021 година светот беше затворен во карантин и изолации поради пандемијата со коронавирусот, Цејмс Асквит го прослави роденденот во Дубаи. Оттогаш ги има посетено Париз, Франкфурт и Јужна Африка на бизнис патувања.

„Имав 24 годни кога го прошетав светот. Ми беа потребни 6 години, без да се брзам некаде“, вели Џејмс и откри дека се започнало откако ја завршил првата година од студиите.

„Отидов со најдобриот пријател како волонтери во југоисточна Азија. Градевме куќи. Не знаевме ништо да работиме, но дававме се од себе. Тоа беше моето прво искуство со патување“, вели тој.

Џејмс потоа се вратил во Лондон, да ја продолжи втората година на факултет и сфатил дека не може за ништо друго да размислува. Веднаш се упатил на аеродром и така започнала неговата авантура.

Истото го повторил и на третата година, а подоцна кога добил работа, имал голема среќа што директорот имал разбирање за неговите патувања и му дозволил да продолжи да патува.

„Некои земји беа надвор од мојот дофат. Една од нив е Судан. Затоа трпеливо чекав да почнам повеќе да заработувам“, вели тој

Сега има 32 години и признава дека му е драго што младоста ја искористил на вистинскиот начин.

За пари вели дека се снаоѓал со миење автомобили, дувал балони на детски родендени, заработувал од секакви ангажмани. Се заработил сам, без спонзори.

„Сакав да покажам дека се може да постигнам со сопствениот труд“, вели тој.

На прашањето кои места според него имаат најголемо влијание, Џејмс вели дека тоа се Египет и Виетнам.

Пред Џејмс, најмладиот маж кој го има прошетано светот бил на 37-годишна возраст.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе