Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани

Главните патишта на северот на Косово сè уште се блокирани, а ниту пеш не може да се поминат административните премини Јариње и Брњак, пренесе Бета.

Како што јави РТС, Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ сè уште се на барикадите, а северот на Косово исто така е блокиран од полицијата.

Пантиќ беше уапсен неколку дена претходно, а косовската полиција го сомничи за „терористички напад врз просториите на Централната изборна комисија (ЦИК)“ и косовската полиција пред одржувањето на изборите во четири општини на северот на Косово, а во понеделникот притворот му е продолжен на 30 дена.

Српскиот претседател најави дека Владата на Србија в четврток ќе испрати официјално барање до Меѓународната мировна мисија на Косово (КФОР) за враќање на 1.000 српски полицајци и војници на Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ги одложи изборите во четири општини на северот на Косово за 23 април.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ги повикаа двете страни во понеделник да се воздржат од какво било насилство или провокативни дејства, а претставникот на Унијата Мирослав Лајчак в среда ќе пристигне во Белград и Приштина со ажуриран мировен план, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел. 

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Регион

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more
 

Вести

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе