Го разбил тоалетот во авионот и му го скршил носот на стјуардот: Уапсен маж на лет за Лондон

Макфакс
/ 16.02.2024 / 09:56

35-годишен маж, за кој се вели дека е од Обединетото Кралство, нападнал стјуард на летот од Тајланд за Лондон, откако го „скршил“ тоалетот на летот на Thai Airways.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на шокантното видео снимено од еден од патниците, може да се види како маж бесно ги удира со тупаници и ги турка другите во авионот од себе, по што го удира стјуардот, кој паѓа на подот.

Другите патници и екипажот на релација Бангкок-Хитроу потоа се обиделе да интервенираат. Меѓутоа, ситуацијата ескалирала, завршувајќи со тоа што 35-годишниот маж, чие име сè уште не е објавено, бил уапсен при слетувањето во Лондон, соопшти полицијата.

„Беше во тоалетот и почна да вреска и да вика. Почна да ја крши вратата. Еден постар дечко се обиде да го извлече. Изби тепачка и тој на крајот го удри стјуардот. Мислам дека му го скрши носот“, изјави патничка која го снимила инцидентот.

Таа рече дека по ударот уште повеќе патници се вклучиле, додека на патниците им било кажано дека летот можеби ќе треба да се пренасочи кон Дубаи, но доколку не ескалира нов инцидент, тие би можеле да продолжат кон Лондон, додаде таа.

„Моравме да го трпиме неговото викање. Ги навредуваше сите. Беше груб. Луѓето ги менуваа седиштата и ги префрлаа децата на задниот дел од авионот. По слетувањето, полицијата влезе и го извлече“, додава очевидец.

Метрополитен полицијата потврди дека полицајците одговориле на извештајот за напад на авион кој доаѓа од Бангкок.

„Авионот го пресретнавме по пристигнувањето и уапсен е 35-годишен маж поради сомнение дека нанел тешка телесна повреда и го загрозил леталото. Тој останува во притвор. Уште еден маж е пренесен во болница. Тој е надвор од животна опасност“, соопштија од полицијата.

Инцидентот се случил на 7 февруари.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе