2.МФЛ ИСТОК 2019/20

Гогов: Ништо нема да нѐ запре, Брегалница ќе биде уште посилна

Штипската гордост е најпогодена од одлуката на ФФМ првенството во Втората лига да не продолжи, па по тој повод претседателот Кирил Гогов се јави со соопштение.

Фото: ФК Брегалница Штип

Штипјани ја прифаќаат одлуката на ФФМ, иако поради истата им се скратува можноста на зелениот терен да се борат за она за кое несебично се вложуваше во клубот, пласман во најквалитетната лига.

ФФМ одлучи сезоната во двете второлигашки групи да не продолжи и првопласираните Беласица и Пелистер административно да изборат пласман во 1.МФЛ за наредната сезона. Најоштетена од таквата одлука е штипска Брегалница која со 3 бодови е зад Беласица, а прекинот се случи токму пред големото дерби помеѓу овие два клуба и тоа во Штип.

Кирил Гогов; Фото: ФК Брегалница Штип

Во прилог целосното соопштение на претседателот на клубот:

„Почитувани љубители на фудбалот, искрени навивачи и поддржувачи, почитувани спонзори и помагатели на ФК Брегалница,
 
како клуб сакаме да изразиме огромно жалење за скратената можност рамноправно да се бориме за влез во Првата македонска фудбалска лига и со тоа да докажеме дека сме еден од најорганизираните клубови во државава а нашето место е во елитата.
 
Меѓутоа, за ФК БРЕГАЛНИЦА од оваа сезона ќе остане да зборуваат сите нескриени успешни проекти и резултати кои ни го вратија епитетот еден од најреспектабилните клубови во Македонија. Успеавме за краток период да ја консолидираме младинската школа предводена од кординаторот Борче Постолов, која до прекинот беше на првото место во лигата со убедливи 20 бодови предност во однос на второпласираниот. Сето тоа ни дава надеж дека барем во младинските категории следната сезона ќе добиеме шанса да се натпреваруваме во Суперлигата.
 
За жал, со појавувањето на пандемијата COVID-19 беше прекинато првенството во Втората лига Исток и тоа во момент на само три дена пред големата дерби пресметка на Истокот меѓу Брегалница и Беласица. Дерби кое ќе ја покажеше вистинската слика околу квалитативниот распоред на силите во првенството и реалниот пласман на табелата.
 
Но, денес може само да жалиме за многу изгубени бодови во текот на, сега веќе, изминатата незавршена сезона. И покрај апсолутната доминација буквално на секој натпревар, за жал, на неколку натпревари останавме без заслужени бодови кои во моментот на прекин на шампионатот нѐ оставија без првата позиција.
 
Како светла точка оваа сезона сѐ уште ни останува КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА каде како полуфиналисти нѐ очекува натпреварот со минатогодишниот освојувач, екипата на Академија Пандев. Тоа е за нас голем предизвик и нова можност да покажеме и докажеме дека нашето место е во Првата лига. Доколку успееме да се пласираме во толку посакуваното финале кое ќе значи и најголем успех на нашиот клуб во историјата, може само да ветиме дека ќе го дадеме максимумот и да стигнеме до трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување, што ќе ни овозможи и излез во Европа.
 
Не знам и не сум сигурен, но можеби ќе бидеме и првиот второлигашки клуб во историјата на фудбалот кој ќе игра во Европа!
 
Почитувани навивачи и симпатизери на клубот, сакам да истакнам дека и покрај нашето големо разочарување од една ваква непосакувана разврска на сезоната, нема да застанеме на патот до нашата силно зацртана цел. А тоа е изградба на клуб кој ќе се темели единствено на стратешки и долгорочни цели. Изградба на ФК БРЕГАЛНИЦА каква сите ја посакуваме.
 
Може само силно да ветам дека континуираното вложување во подобри услови за работа на фудбалерите и стручниот штаб како и континуираното вложување во инфраструктура на клубот ќе продолжат и понатаму со несмален интензитет. Следната сезона ФК БРЕГАЛНИЦА ќе биде уште подобра и поорганизирана!
 
Следната година нашиот клуб слави јубилеј „100 години постоење“. Заедно ќе го прославиме овој голем јубилеј со влез во Првата лига!
 
Спортски поздрав,
Кирил Гогов“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе