Голема бела ајкула усмрти австралиски сурфер

Утрово на плажа во сојузната држава Нов Јужен Велс животот го загуби искусен сурфер откако бил нападнат и гризнат од ајкула.

Човекот на возраст од 50-ина години бил гризнат во пределот на бутот од голема бела ајкула. Според извештајот на полицијата, ајкулата била 4,5 метри долга.

И покрај обидите за реанимација, сурферот починал на лице место.

„И покрај сите напори на службите за итни случаи и очевидците кои се најдоа на местото на настанот, човекот не можеше да биде спасен“, соопшти локалната Служба за итни случаи.

Нападот се случил околу 11 часот во водите на северниот брег на Нов Јужен Велс, крај плажата Танкари Бич, Југоисточна Австралија.

Дури осуммина беа убиени во австралиските води текот на минатата година поради напад на ајкули. Тоа ја прави 2020 година најсмртоносна по 1934.

Ова е прв регистриран смртен случај поради ајкула годинава. Во јануари маж исчезна во водите на Викторија, а потоа беше најдел неговиот искинат спасувачки елек, но случајот не е заведен како напад на ајкула бидејќи нема конкретни докази за такво нешто.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе