Голема посетеност на Зелникот на баба во Пробиштип

Десеттото издание на манифестацијата „Зелникот на баба“ денеска привлече гости од земјава и странство во Пробиштип. Настанот не се одржуваше само две години заради ковид-пандемијата, но сепак како карактеристична манифестација за Пробиштип претставува белег на традицијата и вкусната храна. Посетителите го искажаа своето задоволство од организацијата. Во рамки на програмата предвидено е избор на најдобра етно маса, демонстрација на сукање зелник и печење под вршник, натпревар во брзо сукање и работилница за сукање зелник, а овој натпреварувачки дел завршува со прогласување на победниците.

– И годинава имаме 16 учесници од 16 градови од Македонија, надополнети со четири невладини здруженија од Општина Пробиштип и збогатени со Институтот „Конфуциј“ кој работи при УКИМ и нашите драги пријатели од Алексинац, Србија. Имаме 22 штанда на кои се нудат преубави зелници, специјалитети од тесто коишто се продаваат на парче, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели, вели Раде Илиевски, вработен во Општина Пробиштип.

Од организацијата е задоволен и градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, кој посочува дека големиот интерес е показател за каква манифестација станува збор. Порача дека традиционалниот настан ќе продолжи да се развива и унапредува.

– Традиционално Општина Пробиштип го организира овој настан за повозрасните наши сограѓани, но секако и за сите останати коишто доаѓаат во Пробиштип. Она коешто се пренесува од генерации на генерации, традиционалниот зелник во Пробиштип, почнувајќи од Лесново, еве нè денес и на Градскиот плоштад заедно со наши сограѓани, но и огромен број на посетители. Ова е веќе традиционален настан којшто се организира секоја година со зголемен буџет имајќи го предвид зголемениот интерес, вели Анастасов.

Ваквата манифестација е единствена и оригинална во цела држава, а гости имаше и од Бугарија. Пробиштип денеска е посетен од 4 до 5 илјади луѓе кои беа дел од 10-тото издание на „Зелникот на баба“.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе