Голман херој - одбрани пенал во 90-та, па постигна гол во 90+5

Макфакс/Кајгана
/ 30.09.2023 / 13:38

На натпреварот од француската трета лига помеѓу екипите на Авранш и ГОАЛ, голманот на домашниот тим се прослави со два подвига кои го направија хит низ Европа и на социјалните мрежи.

Името на овој херој е Антони Бев, а има 35 години. Порано играл за Родез и Кан, како и во младинските категории на ПСЖ.

Неговиот тим кон крајот на натпреварот имаше 1:0 негатива кога судијата досуди пенал за гостите, па екипата на ГОАЛ имаше идеална можност да стави точка на победата.

Флориан Распентино, поранешен играч на Марсеј, сакаше со стил да ја запечати судбината на својот ривал – се обиде да го матира Бев со паненка.

Но, голманот на Авранш го прочита тој обид и го остави својот тим во игра.

А потоа, во екот на драмата, по еден центаршут длабоко во судиското надополнување, веројатно последен на мечот, Бев со глава го матираше колегата на спротивната страна.

Пеналот и потоа голот почнуваат од 1:40 на видеото:

Remote video URL

По 8 кола во Шампјонат Насјонал и Авранш и ГОАЛ имаат по 9 бода и засега во во зоната на борбата за опстанок. Инако, ГОАЛ е акроним од Гран Уес Асосиасјон Лионез (Grand Ouest Association Lyonnaise).

Тагови
реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Болка во ребрата: Причини, симптоми и кога мора да побарате лекарска помош

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе