Google ја менува политиката: Полицијата нема да има пристап до историјата на податоци во Maps

Google наскоро ќе ја складира историјата на локација на своите корисници на апликации локално на нивните уреди наместо во cloud, голема промена што ќе го отежне пристапот на полицијата до тие податоци.

Контроверзните „наредби за geofence“ ѝ дозволуваат на полицијата да собира податоци од технолошки компании на мобилни телефони кои поминале низ одредена област во одреден временски период.

На пример, ФБИ користеше налог за собирање информации за протестот на Black Lives Matters во Сиетл како дел од истрагата за подметнување пожари.

Поради загриженоста за приватноста и потенцијалот овие сметки да направат некој што е на местото на наводното кривично дело потенцијален осомничен, Google со години се соочува со притисок да го промени начинот на кој ги складира историите на локација на корисниците. Со новото ажурирање за апликацијата Maps што се очекува следната година, технолошкиот гигант конечно прави нешто околу тоа.

Промената се однесува на функцијата Timeline во Maps, која ги памети локациите каде што претходно биле корисниците. Историјата на локација стандардно е исклучена, но во случај на корисници кои ја вклучуваат, Google ги складираше податоците во cloud. Ова ѝ овозможи на полицијата да бара податоци преку „geofence налози“. Меѓутоа, сега тие податоци ќе се чуваат на уредите на корисникот, па Google веќе нема да ги има тие податоци за да ѝ ги предаде на полицијата или ФБИ.

Од Google велат дека корисниците ќе добијат известување кога ажурирањето ќе пристигне на нивниот профил, а тоа ќе се случи постепено во текот на следната година за Android и iOS верзиите на апликацијата Maps.

Google ги менува и поставките за автоматско бришење, кои порано стандардно беа 18 месеци. Сега тој период ќе биде 3 месеци. Секој што сака да ги задржи податоците за својата локација кога ќе добие нов мобилен телефон, ќе ги складира локално, но ќе може да се складира на cloud и Google автоматски ќе ги шифрира.

Тагови
реклама

Софтвер

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Read more

Google Play ќе предупредува ако некоја апликација може побрзо да ја испразни батеријата

Read more

Хакирани Samsung телефони: Откриен е нов шпионски софтвер

Read more

Google го интегрираше Gemini во Google Maps

Read more
 

Гик

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе

Google Play ќе предупредува ако некоја апликација може побрзо да ја испразни батеријата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што се случило со вагонот во кој било потпишано примирјето во Првата светска војна?

Читај повеќе