Градоначалникот на Истанбул, ривал на Ердоган, осуден на затворска казна

МИА/КАЈГАНА
/ 14.12.2022 / 18:18

Турскиот суд денеска го осуди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу на повеќе од две години затвор и му забрани политичко дејствување поради навреда на јавни службеници.

Одбраната на Имамоглу ќе поднесе жалба на пресудата, донесена на само шест месеци пред претседателските и парламентарните избори.

Имамоглу беше потенцијално силен ривал на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во трката за шеф на државата. Опозицијата сè уште не избрала претседателски кандидат.

Имамоглу, член на опозициската Републиканска народна партија (CHP), беше осуден за говор по локалните избори во 2019 година во Истанбул, во кој рече дека оние што ги поништиле резултатите биле „будали“.

URL

Обвинението предвидуваше максимална затворска казна од четири години.

Имамоглу тесно го победи кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) на Ердоган на изборите за градоначалник на Истанбул во март 2019 година.

Откако тие избори беа поништени, тој победи убедливо на повторените избори, со што заврши 25-годишното владеење на AKP и нејзините исламистички претходници во најголемиот турски град.

Се оценува дека исходот од изборите во 2023 година зависи од способноста на CHP и другите опозициски партии да се обединат околу еден кандидат за да се спротивстават на Ердоган и AKP, која владее со Турција две децении.

Затворската казна или политичката забрана мора да бидат потврдени од апелациските судови, што значи дека случајот може да заврши до изборите во јуни 2023 година.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Свет

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Read more
 

Вести

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Читај повеќе

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Читај повеќе

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе