Граѓаните сами почнаа да ослободуваат заробени дрвја

Откако Град Скопје почна иницијатива за ослободување на дрвјата заробени со бетон, граѓани чии апели за дрвјата во нивните маала не беа слушнати, сами почнаа да ги ослободуваат.

Дрво на ул. „Никола Карев“ пред и по ослободувањето; фото: Филип Здравески / Кајгана

Неколку ослободени дрвја во градскиот парк и на фреквентните булевари и толку, запре ослободувањето на заробеното зеленило.

Во скопската населба Пролет, во самиот центар на градот, жителите ослободувањето го земаа во свои раце. Откако чекањето Град Скопје да ги ослободи дрвјата веќе дошло до година дена, решиле да пробаат тоа да го направат сами. Ги ослободиле оние дрвја кои биле заробени со бекатонски плочи, а за другите потребна е механизација па тие и натаму се оставени на милост на Град Скопје и нивното ветување од пред повеќе од една година.

Дрво на улицата „Стале Попов“ пред и по ослободувањето; фото: Филип Здравески / Кајгана

Во меѓувреме, во иницијативата се вклучи и Види Вака од каде заедно со професори од Шумарскиот факултет изработија интерактивна мапа на која со фотографии се означуваат заробените дрвја низ градовите ширум Македонија. Еколошки совесните граѓани можат да испраќаат фотографии од заробени дрвја со наведување на точна локација на и-меил contact@vidivaka.mk по што тие ќе бидат додадени во мапата.

Летото е период кога на дрвјата најмногу им е потребна вода, која тогаш и онака ја има слабо, а со заробеноста и онаа малку што ја има скоро и да не доаѓа до нив. Друг проблем е што дрвјата растат и во широчина, не само во висина, а од бетонот буквално се гушат при растењето и потоа доаѓа до исушување.

Дрвја на „Стале Попов“ кои чекаат ослободување; фото: Филип Здравески / Кајгана
Дрво на „Стале Попов“ кое чекајќи ослободување веќе нажалост се исушило; фото: Филип Здравески / Кајгана
реклама

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе