Грамер откри зошто Дејвид Пирс не сакал да ја репризира улогата на Најлс

Новата серија за д-р Фрејжр Крејн веќе се емитува, но фавовите засега се разочарани што никој од оригиналните ликови се нема појавено, особено неговиот брат д-р Најлс Крејн.

Дејвид Хајд Пирс заедно со Келси Грамер, Џон Махоуни, Пери Гилпин и Џејн Ливс ја прославија серијата „Frasier“ која траеше цели 11 сезони. Сега веќе се емитува истоимено продолжение на „Frasier“ каде омилениот психијатар се преселува во Бостон и почнува авантура како професор на престижниот Универзитет „Харвард“.

Иако новиот ситком има интересни ликови, како Алан кој го глуми британскиот актер Николас Линдхрст, сепак носталгијата на фановите во секој момент очекува појавување на некои ликови од оригиналната серија. Се разбира, Џон Махоуни почина во 2018, па Марти Крејн нема да се врати.

Ликот на Најлс, братот на Фрејжр, беше еден од најпопуларните во оригиналната серија, но за жал уште од сега се знае дека тој нема да се појави во продолжението. Грамер откри и зошто.

„Дејвид едноставно одлучи дека не е заинтересиран да ја репризира улогата на Најлс“, рече Грамер говорејќи за People.

URL

Без Најлс нема да ја има ниту Дафни (Џејн Ливс), бидејќи има малку логика таа да се појави без нејзиниот сопруг. Но, да оставиме мала резерва бидејќи од првата епизода во новиот „Frasier“ е нивниот син Дејвид Крејн (Андерс Кит). Можеби некогаш ќе дојде да го посети својот син, зошто да не?

Потврдено е дека улогите ќе ги репризираат два лика од оригиналната серија, но не како редовни туку како гости. Тоа се Пери Гилпин како Роз Дојл и Биби Њуврт како д-р Лилит Стрнин, поранешната сопруга на Фрејжр и мајка на Фредерик Крејн, кој исто така е во серијата од првата епизода (го игра Џек Катмор-Скут).

Дејвид и Фредерик во новата серија
Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе