Грција, Египет и Саудиска Арабија нови кандидати за домаќини на Мундијалот 2030

Филип Здравески
/ 09.09.2022 / 18:02

Главна тема денес во фудбалскиот свет е најавата дека Грција, Египет и Саудиска Арабија подготвиле своја кандидатура за организација за јубилејниот Мундијал во 2030 година.

Во 2030 година ФИФА ќе прослави 100 години постоење на Мундијалот откако во далечната 1930 во Уругвај се одржа првиот светски собир на најдобрите фудбалски репрезентации. Затоа сите веруваат дека заедничката кандидатура на Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле, сите учесници на тој прв историски Мундијал, ќе биде успешна и во овие четири земји ќе се слави стогодишнината.

Но, три земји од различни континенти, но не толку оддалечени една од друга, имаат намера да им ги поматат сметките на Јужноамериканците. Имено, Грција, Египет и Саудиска Арабија, држави од Европа, Африка и Азија, поднесоа своја кандидатура со надеж дека Мундијалот ќе го донесат на Медитеранот и Блискиот Исток. Ниту една од овие три земји нема никогаш организирано Мундијал. Грција нема ниту Европско првенство, додека Египет и Саудиска Арабија имаат искуство со организација на Купот на африканските нации, односно Азискиот куп.

Саудиска Арабија, како најбогата од трите земји, финансиски би им помогнала на Грција и Египет околу изградбата на инфраструктурата, но она што ги загрижи фудбалските вљубеници е тоа што и овој Мундијал би се одржал наесен, како претстојниов во Катар. Тоа е поради фактот што во сите три земји во периодот јуни и јули температурите се екстремно високи, што беше и главна причина за необичниот термин на Мундијалот во Катар.

Се очекува кандидатурата на Грција, Египет и Саудиска Арабија да биде официјализирана во наредните недели.

Најмногу искуство со играње на Мундијалите на ФИФА има Саудиска Арабија на која претстојново во Катар ќе ѝ биде учество број 6 (1994, 1998, 2002, 2006, 2018 и 2022). Египет и Грција имаат по само 3 учества и тоа Египет во 1938, 1990 и 2018, додека Грција во 1994, 2010 и 2014.

Досега кандидатура за организација на Мундијалот 2030 освен јужноамериканските земји поднесоа и Шпанија и Португалија како заедничка организација, како и Мароко, земја која е рекордер по број на неуспешни кандидатури.

Претходно највата за кандидатура ја откажаа земјите од Обединетото Кралство (Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска) кои планираа заедничка кандидатура со соседната Ирска, односно Мундијалот да се игра низ двата острова Велика Британија и Ирска.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе