Грција се надева на „глампинг“ – тренд што ќе го спаси туризмот

Грција презема чекори како да ја регулира туристичката услуга „глампинг“  - популарен тренд што се однесува на „гламурозно кампување“, со оглед на тоа дека овој концепт станува сѐ попопуларен во земјата.

Иако во Грција оваа услуга е достапна од 2012 година, ќе се инсистира да се применуваат нормалните туристички прописи за хотелите и камповите кои нудат ваков вид на сместување. Најатрактивните „глампинг“ локации во Грција се на островите Кеа и Лемнос.

Ширум светот, „глампингот“ им пружа можност на туристите да бидат сместени во структури што се сместени така што изгледаат како да се вклопени во природата. Овие структури понекогаш се само сложени шатори, а често вклучуваат услуги со врвен квалитет. Поентата е туристите да живеат во луксуз, а да бидат во допир за природата. И за тоа да платат огромни цени.

Неопходно е структурата да има подземна инфраструктурна мрежа што обезбдува вода, струја и канализација, како и пристапни патишта до местото за гламурозно кампување.

Исто така, локациите што нудат „глампинг“ мора да бидат во склад со природата, односно смее да се поставуваат само полутрајни градби, а сопствениците на сместувачкиот капацитет мора да гарантираат дека материјалите користени на локацијата се еколошки и одржливи.

Грција прави сѐ за да ја обнови туристичката сезона, а наедно да им обезбеди на туристите сместување согласно новите протколи за заштита од коронавирусот. На „глампинг“ услугата се гледа како на еден од начините на кои може да се спаси сезоната – овој начин на сместување е изолиран, а исто така многу скап.

Властите најавија дека до крајот на месецов, ќе имаат листа со земји чии државјани на 15 јуни ќе можат да патуваат во Грција без особени формалности, но по случаен избор ќе се проверуваат. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест за COVID-19 или задолжителен карантин, откако ќе се обноват меѓународните летови на 1 јули.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе