Грицкањето после 21 часот може да биде лошо за вашето здравје

Заборавете на малите ноќни закуски пред спиење.

Студија спроведена на 854 Британци покажа дека грицкањето после 21 часот може да биде многу лошо за нашето здравје.

Од доброволците било побарано да го забележуват секој залак што го јаделе четири дена. Потоа беа анализирани нивните нивоа на шеќер во крвта, поврзани со ризикот од дијабетес тип 2 и нивоата на масти во крвта, поврзани со ризикот од срцев и мозочен удар.

Луѓето кои јаделе после 21 часот имале полоши резултати од оние кои легнале без да грицнат нешто доцна навечер.

„Чоколадо и чипс најчесто се јаде доцна навечер. Но, има докази дека јадењето после 21 часот не е синхронизирано со нашиот телесен часовник, што може да влијае на метаболизмот. Исто така, не му даваме на телото многу време да се опорави после јадење", вели една од авторките на студијата, д-р Сара Бери од Кралскиот колеџ во Лондон.

Студијата беше претставена на годишниот состанок на Американското здружение за нутриционистичка исхрана 2023 година. Откри дека најмалку 95 отсто од луѓето имаат една закуска дневно. Просечниот број на закуски е 2,3. Закуската е најпопуларна подоцна во текот на денот. 50 отсто од испитаниците грицкале помеѓу пладне и 18 часот, а 31 отсто после 18 часот. Само 13 проценти грицкале до пладне.

Исто така, покажа дека грицките не влијаат на нивото на шеќер и маснотии во крвта на оние кои избрале здрава храна, како што се овошје, јаткасти плодови и обичен јогурт. Ова докажува дека изборот на здрави грицки е лесен начин за подобрување на нашата исхрана.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more
 

Магазин

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе