Груби се сретна со претседателот на албанскиот Парламент

Скопје, 23 март 2021 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска во Тирана се сретна и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи со кого разговараше за актуелните настани во двете земји, како и за активностите предвидени во наредниот период на патот кон европската интеграција.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, заклучиле дека треба да ја зајакнат соработката на повисоко ниво.

Груби истакнал дека двете држави имаат одлични билатерални односи и посочил дека Владата на РСМ е систематски посветена на добрососедската политика и побрзата интеграција во ЕУ.

– Двајцата соговорници се согласија дека прецизната дефиниција на населението што живее во Република Северна Македонија ќе влијае на проширување на пристапот до регионален развој подеднакво, подобри јавни услуги, пропорционална распределба на буџетот и застапеност, повисоко институционална застапеност, вклучувајќи ја позицијата на претседателот на собранието и позицијата на првиот вицепремиер се наведува во соопштението.

На средбата било нагласено дека двете земји имаат заеднички интереси во повеќе области и во овој контекст биле посочени економските, инфраструктурните и енергетските проекти, како што е изградбата на автопатот Ќафасан – Елбасан како дел од Коридорот 8, автопатот Елбасан – Дебар и железничката пруга меѓу двете земји.

Претседателот на албанскиот Парламент, како што стои во соопштението, истакнал дека е важно албанските политички партии во Северна Македонија да имаат унифицирани ставови за заедничките прашања на Албанците, вклучително и за процесот на попис, како проект од големо значење за државата и регионот.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе