Груевски негираше дека СДСМ му понудиле амнестија за да обезбеди пратеници за Бугарите во Уставот

Дознав дека деновиве на некој медиум имало изјава од поранешен заменик-министер за локална самоуправа дека луѓе од СДСМ дошле кај мене во Будимпешта и барале подршка за двотретинско мнозинство за промени на уставот, во замена за прекин на политичкиот прогон, и дека јас тоа сум го одбил, напиша на социјалните мрежи екс премиерот Никола Груевски.

„Ме известија и дека таа изјава станала вирална на социјалните мрежи. Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што. Лажна вест!“, додава Груевски.

Според него, штета е што во Македонија не се случува ништо паметно, сериозно и убаво што би било тема за јавна дискусија.

„Лажните вести често поврзани и со моето име, се главно мени во јавниот дискурс и таквите стануваат вест за која со денови се дискутира“, вели Груевски во напишаното.

Тој вели дека се работи за лажна вест и дека никој од СДСМ ништо не барал од него.

Објавата на Груевски следи откако претходно беше изнесена информација дека од СДСМ неодамна испратиле лица на средба со екс премиерот Никола Груевски, во Унгарија, со цел да му се нуди, амнестија нему и за негови блиски луѓе, во замена да се обезбедат пратеници за да поминат уставните измени во земјава.

Инаку од поодамна се присутни шпекулации од типот дека се бара поддршка од Груевски за уставните измени и дека тој може да има влијание врз пратеници од актуелниот состав.

реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе