Груевски: Пендаровски да соопшти јавно кој му барал амнестија за мене

Експремиерот Никола Груевски тврди дека од никого не побарал амнестија за него кај актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Груевски го повика Пендаровски јавно да соопшти кој му барал амнестија. Ако тоа се случи и ако тоа воопшто било така, вели Груевски, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно, дали тој побарал од нив да бараат амнестија за него кај Пендаровски.

Груевски се осврна и на измените на Кривичниот законик коментирајќи дека има многу шпекулации дека бил правен заради него.

„Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација. Тоа е предметот ТНТ, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор“, вели Груевски, додавајќи дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9, како што вели, политички мотивирани предмети, кои, ако имало нормално обвинителство и власт, немало ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, нему не му менува многу.

Груевски тврди дека немало никакви тајни средби за Кривичниот законик, на кои тој учествувал.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе