Гулаш со модар патлиџан и леблебии: 8 различни зачини кои совршено се вклопуваат

За ручек ви предлагаме да го пробате рецептот за гулаш со модар патлиџан и леблебии.

Ако сте вегетаријанец или на диета, но и ако сакате само добро да се храните, тогаш ова е одличен рецепт за вас. Станува збор за јеменско јадење кое се прави без месо, но е многу вкусно. Ни личи на гулаш без месо, па затоа го нарековме така. Се прави од модар патлиџан и леблебии, како и многу ароматични и пикантнии зачини кои му даваат посебен вкус. За да го подготвите овој гулаш не треба да потрошите многу пари, а ќе им успее и на почетниците во кујната.

Потребни состојки:

  • 1 шолја леблебии
  • 600 гр модар патлиџан
  • 3-4 компири
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 2 лажички блага пипер
  • 1 голем кромид
  • 5 чешниња лук
  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • 1 лута пиперка
  • 3 лажици доматна паста
  • 350 гр домати
  • 1 лажичка коријандер
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка лута буковска пипер
  • 1 лажичка куркума
  • свеж коријандер
  • путер
  • сол
  • бибер
  • масло

Подготовка:

Леблебиите натопете ги преку ноќ, па следниот ден процедете ги. Ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода, па покријте и варете ги околу 40 минути. За тоа време модртиот патлиџан и компирите исечкајте ги на коцки, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Посолете, побиберете, па посипете со лук во прав, кромид во прав, една лажичка блага пипер и измешајте. Пече во загреана рерна на 200°C околу 25 минути.

Во длабока тава на малку масло пропржете ситно сечкан кромид, а кога ќе омекне додадете сечкан лук. Добро измешајте, па додадете ја целата лута пиперка и доматната паста. Динстајте 2-3 минути, па додадете домати, сол, бибер, коријандер, ким, лута буковска пипер и куркума. Добро измешајте, покријте и динстајте уште 5 минути. Потоа во тој сос додадете леблебии, модар патлиџан и компири и прелијте со водата во која ги варевте леблебиите. Промешајте, покријте и варете уште 10 минути.

Посипете со сецкан свеж коријандер и сипете во чинија, па прелијте со стопен путер зачинет со блага или лута црвена пиперка. Можете да го јадете со леб или варен ориз.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе