И благите случаи со ковид може да доведат до проблеми со вниманието и меморијата

Луѓето со благи симптоми на ковид, кои не страдаат од други вообичаени симптоми на долг ковид, и понатаму можат да имаат ослабено внимание и паметење 6 до 9 месеци по инфекцијата, покажа истражување на Универзитетот Оксфорд.

Когнитивните проблеми кои влијаат на способноста на концентрација, заедно со заборавноста и уморот, се последици од долг ковид. Уште не е утврдено колку би биле раширени проблемите со вниманието по инфекција со коронавирусот.

Во студија со учесници кои претходно биле позитивни на коронавирус, но не пријавиле други вообичаени симптоми на долг ковид, се замолени да учествуваат во тестови за меморија и когнитивни способности.

Научниците откриле дека учесниците биле значително полоши во присетувањето на лични доживувања, познати како епизодични сеќавања, 6 месеци по инфекцијата. Исто така, до 9 месеци по инфекцијата имале поголем пад на способноста на одржување на вниманието од заразените поединци.

„Изненадува тоа што иако нашите испитаници кои прележале COVID-19 за време на тестирањето немале вообичаени симптоми на болеста, имале ослабено внимание и меморија“, вели д-р Сијиа Жао од Одделението за експериментална психологија на Универзитетот Оксофрд.

Резултатите покажале дека луѓето со месеци може да имаат хронични когнитивни последици. Истражувањето покажало дека меморијата и способноста за концентрација главно се враќаат во нормала по 6, односно 9 месеци.

Во истражувањето учествувале 136 учесници.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе