ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

И еквадорски клуб дебело заработи од рекордниот премиерлигашки трансфер

Еквадорскиот играч за врска Моисес Каиседо стана најскапиот играч во историјата на фудбалот на Островот, а од неговиот трансфер нема да заработи само клубот од кој заминува, Брајтон.

Каиседо (21) се договори за трансфер во Челси за нешто повеќе од 133 милиони евра. Тоа е апсолутен рекорд во англискиот фудбал, па така Брајтон продолжи со одличните трансфери од кои клубот живее со години и напредува од сезона во сезона.

Сепак, приказната за неговиот поранешен клуб го обиколи светот. Нема да заработи само Брајтон, туку и неговиот матичен клуб Индепендиенте дел Ваље, клубот од Еквадор од каде Каиседо замина во Европа и почна да гради голема кариера.

Индепендиенте дел Ваље ќе заработи неверојатни пари. Со оглед на тоа што Каиседо таму ја започна својата кариера, еквадорскиот клуб ќе добие дури 27 милиони евра, што е импресивна сума за екипа која не заработува толку пари дури и кога ќе се соберат повеќегодишни трансфер периоди.

URL

Според првите информации, Индепендиенте дел Ваље парите ќе ги искористи за изградба на нов тренинг комплекс на клубот, но и за развој на тимот за да има нови играчи кои би можеле да направат големи кариери во странство. Клубот има свој стадион „Банко Гуајанкил“ со капацитет од 12.000. Иако клубот е од Санголки, предградие на престолнината Кито, новиот комплекс ќе биде 133 км западно, во градот Санто Доминго.

Индепендиенте дел Ваље се етаблираше последнава деценија, но на Стариот континент сѐ уште ретко кој слушнал за него, настрана оние што играат кладилница или ретките што седат до доцна во ноќта за да гледаат Копа Либертадорес. Долгогодишен нисколигаш, иако формиран во 1958 година, Индепендиенте дел Ваље прв пат заигра во најдобрата лига на Еквадор во сезоната 2010. Оттогаш е еден од најдобрите клубови во земјата. Во 2013 заврши втор, а титулата конечно ја освои во сезоната 2021. Наредната 2022 го освои купот, а годинава и суперкупот. Од 2014 е редовен учесник во Копа Либертадорес или во Копа Судамерикана. Во 2016 играше финале во Либертадорес и во двомечот загуби од колумбискиот Атлетико Насионал (1:1, 0:1)., Затоа пак, потоа во 2019 и 2022 ја освои Судамерикана, а годинава и јужноамериканскиот суперкуп изненадувајќи го бразилскиот великан Фламенгу на пенали.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе