И Јамајка ја откачува британската круна: Ќе стане република

Јамајка „продолжува понатаму“ и ја прифати својата судбина како независна држава, изјави премиерот на овој остров, Ендрју Холнес на средбата со британскиот принц Вилијам.

Холнес ја нарече тридневната посета на принцот Вилијам на островот како можност да се разговара за „нерешени прашања“.

Посетата на член на британското кралско семејство беше придружена со протести поради британското колонијално владеење обележано со трговија со робови. Затоа демонстрантите бараат репарации од Лондон.

Во главниот град на Јамајка, Кингстон, Вилијам изрази „жалење“ поради улогата на Британија во трговијата со робови.

– Сакам да го изразам моето длабоко жалење. Ропството беше одвратно и никогаш не требаше да се случи, истакна принцот, нарекувајќи го „злосторство што засекогаш ќе ја оцрнува британската историја“.

Стотици илјади африкански робови беа донесени на Јамајка за време на британското владеење за да работат таму во нехумани услови на огромни плантажи.

Вилијам нагласи дека неговата баба, кралицата Елизабета II, била „длабоко сочувствителна“ кон Јамајка и го слави придонесот на јамајканската дијаспора во Британија.

Холнес, пак, рече дека транзицијата на неговата држава кон републикански модел е прашање на време.

– Неизбежно ќе тргнеме напред и ќе станеме република, што ќе биде исполнување на волјата на народот на Јамајка и нашите амбиции да бидеме независна, развиена и просперитетна земја, напиша премиерот Холнес по средбата со Вилијам.

Јамајка е една од 15-те држави сѐ уште предводени од кралицата Елизабета II. „Заминувањето“ на Јамајка би следело по одлуката на карипската држава Барбадос, која се прогласи за република во ноември минатата година. Таткото на Вилијам, Чарлс присуствуваше на таа церемонија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе