И Јапонија влезе во рецесија, најлошото допрва следи

Третото најголемо стопанство во светот се намали за 0,9 отсто во периодот од јануари до март во споредба со претходниот квартал, соопшти денеска јапонската влада.

Овој пад е уште подраматичен ако се разгледува на годишно ниво – 3,4 отсто.

Соопштените резултати се нешто подобри од прогнозираните – во својата анализа Refinitiv прогнозираше пад од 1,2%. Сепак, падот е доволно голем за да се смета дека Јапонија влезе во рецесија.

Јапонското стопанство имаше проблеми и пред избивањето на заразата. Економската активност се намали минатата годиниа откако државата го „впи“ зголемениот данок на промет. Дополнителен проблем направи тајфунот Хагибис кој го замрзна стопанството и влијаеше на последниот пад.

Аналитичарите објаснуваат дека поради подоцното доаѓање на епидемијата во Јапонија, на земјата допрва ѝ следи најлошото. Тие сметаат дека епидемијата влијаела на падот само во март.

Како и многу други земји погодени од вирусот, и Јапонија беше приморана да ги затвори приватните бизниси, продавниците и дел од производството, што секако влијаеше врз економската активност. Приватната потрошувачка, што сочинува половина од јапонското стопанство, уште пред прогласувањето на вонредната состојба во земјата и затворањето на границите, падна за 0,7%.

Поради сево ова, аналитичарот Том Лирмаут проценува дека април и мај ќе бидат уште полоши.

Минатата недела и Германија влезе во рецесија. Германското стопанство доживеа пад за 2,2 отсто во првиот квартал од оваа година, што е најголем пад од финансиската криза во 2009 година, покажаа податоците објавени на 15 мај. Фабриките и продавниците ширум Германија беа затворени во март со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тагови
реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе