И Renault менува имиџ – ново лого од 2022

Бран на модернизација на визуелниот идентитет ја зафати автомобилската индустрија.

Volkswagen, Opel, Kia, Peugeot, Nissan се само некои од производителите кои го освежија своето лого во последните месеци во очекување на најавената масовна „електрификација“ на автомобилите.

Renault ги следи нивните стапки, а првиот производствен модел на компанијата ќе го добие новото лого во 2022 година.

Како и повеќето други автомобилски компании, францускиот гигант во основа ќе го задржи препознатливото лого, но тоа ќе биде дводимензионално во согласност со современите тенденции и подобро прилагодено на презентацијата на интернет и социјалните мрежи.

Како ќе изгледа новото лого, можевме да видиме на почетокот на годината, на презентацијата на електричниот концепт Renault 5 Prototype, кој е дизајниран во ретро стил, според моделот на легендарниот Renault 5.

Новото лого се очекува да дебитира само на еден од електричните сериски модели на брендот, чија премиера ќе биде следната година. Се шпекулира дека ова ќе биде производна верзија на концептот Megane eVision.

Шефот за дизајн на Рено, Жил Видал, изјави дека сите модели од сегашната гама на француската компанија ќе се префрлат на новото лого до 2024 година.

Логото на брендот Renault претрпе големи промени од почетокот на 20 век до денес. Последен пат беше „ажурирано“ во 2015 година, кога беше освежено постојното лого од 1992 година.

Renault работи на нов визуелен идентитет од 2019 година, во согласност со планот за електрификација на моделот на овој производител -Renaulution.

Редизајниранoто лого ќе биде деветто по ред од 1900 година, кога беше претставено првото лого.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Авто новости

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе