Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Еден сопственик на електричниот автомобил SU7 на Xiaomi доживеа непријатно искуство само еден ден откако го зеде своето возило и помина само 39 километри.

Xiaomi SU7 добро се продава во Кина, но многу клиенти имаа проблеми набргу откако нивните автомобили беа испорачани. Меѓу нив е и Вен, сопственик на светлосин модел SU7, чиј автомобил застанал по само 39 поминати километри.

Вен возел по автопатот на 5 мај, еден ден откако го зел автомобилот во центарот на Xiaomi во провинцијата Фуџијан, кога неговото возило ненадејно се исклучило. На контролната табла видел предупредување дека автомобилот ќе застане и дека треба да контактира со поддршката преку интернет. Потоа се појави друга порака во која се наведува дека погонскиот систем откажал и дека автомобилот не може да се префрли од режим на возење во „рикверц“.

URL

Така, Вен остана на страната на патот и ја повика влечната служба. Дилерот не можеше да утврди што е проблемот, па автомобилот ќе биде испратен во фабриката за детална анализа и дијагностика. Но, сопственикот не го сака истото, туку целосно нов автомобил, што е невозможно бидејќи примерите кои моментално се произведуваат веќе имаат свои сопственици. Затоа, Xiaomi има намера да го врати целиот износ на клиентот со одредени надоместоци за трошоците.

Се проценува дека Xiaomi има произведено нешто повеќе од 10.000 примероци од SU7, кој беше лансиран пред неколку месеци. Клиентите досега се жалеа на проблеми со бојата, ефективноста на системот за влечење, како и на системот за итно сопирање AEB кој престанува да работи при брзини над 135 км/ч поради што е оневозможен до доаѓањето на over-the-air надградбата.

Тагови
реклама

7 висококалорични намирници што не треба да се избегнуваат при слабеење

Read more

Дали навистина треба да пиеме чаша вода кога ќе се разбудиме?

Read more

Сода бикарбоната како замена за прашок за печиво

Read more

Храна која го надополнува недостатокот на витамин Д

Read more

Авто новости

BMW ја претстави новата Серија 1, верзијата M135 останува на врвот на понудата

Read more

Грешка при полнење гориво што може сериозно да го оштети вашиот автомобил

Read more

Ако видите паричка на вратата од автомобилот, веднаш повикајте полиција

Read more

Toyota Celica се враќа со 2.0-литарски турбо мотор и погон на 4 тркала

Read more
 

Автомобили

  • filter

BMW ја претстави новата Серија 1, верзијата M135 останува на врвот на понудата

Читај повеќе

Грешка при полнење гориво што може сериозно да го оштети вашиот автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Ако видите паричка на вратата од автомобилот, веднаш повикајте полиција

Читај повеќе

Toyota Celica се враќа со 2.0-литарски турбо мотор и погон на 4 тркала

Читај повеќе

Која е функцијата на сивите кутии што се појавија на семафорите во Германија?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

10 интересни, но сосема непотребни факти за автомобилите

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нова ера за Porsche: 911 стана хибрид

Читај повеќе

Во Германија почна да се точи нов вид гориво

Читај повеќе

Кои половни автомобили имаат најмала мината километража?

Читај повеќе