И Xbox најави зголемување на цените

Сега е официјално - Microsoft нема да може уште долго да ги држи цените на своите конзоли и услуги.

За време на последните неколку месеци видовме дека многу компании ги креваат цените на своите производи поради проблемите во ланецот на снабдување, но и економските проблеми со кои се соочува целиот свет. Кога е во прашање пазарот на гејминг конзоли, се чини дека Microsoft е следната компанија што ќе го направи тоа поскапување.

Шефот на Xbox, Фил Спенсер, во разговор за The Wall Street Journal рече дека верува дека Xbox производите и услугите во иднина ќе поскапат.

„Мислам дека во еден момент ќе мораме да ги покачиме цените на одредени производи, но сметаме дека е важно да се одржат цените до празничниот период. Ги задржавме цените на нашите конзоли, ги задржавме цените на нашите игрици и претплата - мислам дека тоа нема да можеме вечно да го правиме. Мислам дека во еден момент ќе мораме одредени цени да ги покачиме“, рече тој.

Иако Спенсер не прецизираше точно кои производи и услуги би можеле да поскапат, можеме да бидеме сигурни дека неговиот одговор се однесува на Xbox Game Pass и Xbox Live Gold претплатите, особено ако земеме во обѕир дека другите претплатнички сервиси го прават истото.

Сепак, доколку навистина видиме покачени цени на конзолите Xbox Series S/X, тоа нема да биде првото поскапување на пазарот на гејминг конзолите - Sony уште во август најави дека PlayStation 5 ќе поскапи во одредени региони, меѓу кои е и Европа,

За среќа, оние кои сакаат да си купат конзола Xbox Series S/X имаат уште малку време тоа да го сторат по оригиналната цена - се разбира, доколку воопшто можат да ја најдат во продажба.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе