Ибра: Да ви ги поздравам жените

И годинава Златан Ибрахимовиќ не отстапи од својата традиција да го честита Божиќ на чуден начин.

Златан Ибрахимовиќ со години на бизарни начини им посакува „среќен Божиќ“ на сите христијански верници кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар.

Стана своевидна традиција за фудбалерот кој сака да ја интригира јавноста со контроверзни објави кои никогаш јавно не ги објаснил, односно може само да се заклучи дека сака да привлекува внимание така што го „провоцира“ верниците.

Златан Ибрахимовиќ овојпат не додаде среден прст во честитката, како што тоа го правеше претходните години од непознати причини, туку честитката се состои од негова фотографија на која е само во шорцеви и стои во боксерски ринг.

И овој пат напиша „Среќен Божиќ“, ставајќи го својот заштитен знак – буквата Z на крајот од божиќната честитка, додека овој пат го имаше и додатокот: „Среќен Божиќ за вас и вашите сопруги. Чао!“, напиша шведскиот напаѓач, притоа покажувајќи го извајаното тело со кое можеби не можат да се пофалат ниту неговите многу помлади соиграчи.

Ибрахимовиќ вообичаено е во САД за Божиќ и ги следи натпреварите во НБА, бидејќи тренерот Стефано Пиоли им даде на играчите неколку слободни денови. Воедно, тој период ќе му послужи на Златан да се подготвува за вториот дел од сезоната бидејќи го пропушти првиот дел поради тешка повреда, па можеше да му помогне на Милан само во последните месеци од натпреварувачката година.

Малку му е досадно и ги „провоцира“ фановите. Откако четири години по ред покажуваше среден прст (којзнае, можеби е и во таа положба под ракавицата!), крена голема прашина и сите се прашуваа зошто го прави тоа и дали ги исмева христијаните?

Ибра потекнува од мешан брак, бидејќи татко му е муслиман, а мајка му католик, но контроверзната фотографија многумина ја протолкуваа како „исмејување на христијанската вера“. Причината поради која Ибрахимовиќ испраќа вакви пораки на социјалните мрежи е крајно банална - само за да предизвика реакција кај луѓето, со оглед на тоа што првиот пат видел дека тоа му успеало. Се започна во 2018 година и очигледно стана традиција. Некои би рекле дека едноставно Златан е Златан, дури и во петтата деценија од животот.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Фудбал

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Read more

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more
 

Спорт

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе