Ибра го оперираше коленото, го чека пауза од 8 месеци

Милан денеска соопшти дека Златан Ибрахимовиќ подлегнал на операција на левото колено по што сега го чека долга пауза.

Златан Ибрахимовиќ сезонава го мачеа повреди и поради тоа не се наигра играјќи 23 натпревари во Серија А од можни 38, а во последно време само влегуваше од клупата при крајот на натпреварите. Последниот натпревар на кој беше стартер и воедно на кој одигра 90 минути беше на 17 јануари.

Новиот италијански шампион соопшти дека 40-годипниот ветеран направил антроскопска операција на левото колено во болницата Жан Мермоз во Лион. Д-р Бертран Сонери-Коте ја извршил операцијата во присуство на клупскиот доктор Стефано Мацони.

Милан тврди дека оперативниот зафат бил закажан долго време, и додаде дека напаѓачот нема да се врати на терен за најмалку 7 месеци, а најмногу 8. Токму оваа операција излезе и дека е причината поради која Ибра го одби повикот на репрезентацијата на Шведска за настап во претстојната Лига на нации.

Ибра ги одигра последните 18 минути на натпреварот со Сасуоло со кој се спушти завесата во Серија А, а потоа и го крена пехарот, популарното Скудето.

Согласно прогнозите Ибра на зелениот терен би требало да се врати некаде во јануари 2022 година, кога веќе ќе има наполнето 41 година. Италијанските медиуми тврдат дека операцијата нема да влијае на тоа Милан да му понуди нов договор на Швеѓанецот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе