Ибра влезе во октагон со чеченскиот ѕвер и испрати порака во свој стил

Очигледно е дека Златан Ибрахимовиќ во првите денови од пензионирањето не е повлечен, со оглед на тоа што често можеме да го видиме во разни спортски активности, што беше случај и сега.

Откако пред некој ден играјќи падел го покани Ѓоковиќ да се соочи со него во овој предизвик, легендарниот напаѓач на шведската репрезентација реши да се обиде со друг спорт.

Популарниот Ибра сподели фотографија со големиот ММА борач Хамзат Чимаев, кој важи за еден од најдобрите во полусредна категорија во УФЦ, и со кој тренираше.

Чимаев е 29-годишен родум од Чеченија, кој исто како Златан има шведски пасош, а прекарот му е Борз, што во превод од чеченски значи „волк“.

Познат е по својата особена бруталност кон противниците и трипати беше шампион на својата земја во овој спорт. Чеченецот има биполарно растројство, поради што има чести промени во расположението.

„Волкот не настапува во циркус“, напиша Ибра во свој стил покрај фотографијата со Чимаев.

Одамна е познато дека Ибрахимовиќ е голем вљубеник во боречките вештини, кои своевремено ги тренираше.

Уште пред 25 години се стекна со црн појас во теквондо, што, како што вели, многу му помогнало во постигнувањето на некои спектакуларни голови во неговата блескава кариера.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе