Идеја за ручек: Лазања без редење слоеви

Ако ја сакате италијанската кујна, тогаш сте и љубител на лазањи, па овој едноставен рецепт без досадното редење слоеви ќе ве одушеви.

Без готвење бешамел сос, и исто толку вкусно како вистинските - никогаш не било полесно да се направат лазањи.

Лазањите се едно од најпопуларните јадења во италијанската кујна, но зад нив не заостануваат ниту пицата, шпагетите болоњезе или карбонара... Се прават така што меѓу корите се редат слоеви пржено мелено месо, па бешамел сос и на крај се посипуваат со пармезан. Сето ова се пече во рерна и лазањите се готови. Секако, меленото месо и бешамелот можете да ги замените со други филови и сосови, по ваша желба.

Првиот пишан италијански рецепт за лазања е откриен во анонимен ракопис од XIV век пронајден во близина на Неапол. Според овој рецепт, тие се подготвувале на следниов начин: листовите тесто се вареле во врела вода, а потоа се посипувале со зачини и рендан кашкавал. Зачините најверојатно вклучувале сол, бибер и шеќер, но можеби и комбинација од цимет, каранфилче, морско оревче и шафран. Ви предлагаме рецепт за поедноставна лазања кој се прави без слоевитост, па е идеална за оние кои брзаат и сакаат квалитетна и вкусна храна.

Потребни состојки:
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 600 гр месо
  • 1 пакување кори за лазањи
  • оригано
  • ½ литар сос од домати
  • 200 гр печурки

За запршката:

  • 1 лажица брашно
  • 200 мл павлака за готвење
  • 220 гр сирење
  • малку пармезан
Подготвка:

На малку масло продинстајте го кромидот, потоа додадете ги сечканите печурки и лукот, а кога и тоа ќе продинста додадете го меленото месо. Добро измешајте, посолете, побиберете и пропржете. Откако ќе се испржи месото се прелива со сос од домати, една шолја вода, се посипува со оригано, се меша и се додаваат искршените кори од лазањи. Повторно добро измешајте за да не се залепат. Покријте и варете додека не омекнат. Одвреме-навреме проверувајте дали има недостаток на течност и доколку недостасува, додадете вода. Во сад измешајте ги брашното, павлаката за готвење и ренданото сирење. Добро измешајте и додадете во тавата и повторно промешајте. Посипете со пармезан и печете на 180°C околу 40 минути.

Remote video URL
Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе