Илон Маск се попишмани – сепак нема претплата за синото знакче

Twitter Blue најверојатно „се враќа кон крајот на следната недела“, рече сопственикот на социјалната мрежа, милијардерот Илон Маск во твит објавен доцна вчера.

Во петокот, Twitter ја суспендираше својата нова услуга за претплата од 8 долари со која добива сино знакче како потврда за автентичноста на профилот, бидејќи нејзиното воведување резултираше со голем број лажни профили со потврда за автентичност, како што се „автентичните“ профили на „ Исус Христос“ или Џон Ленон“.

Посакуваното сино знакче претходно беше резервирано за автентичните профили на политичари, новинари и други познати јавни личности.

Опцијата за претплата, отворена за секој кој сака да плати, беше воведена претходно оваа недела за да му помогне на Twitter да ги зголеми приходите, додека Маск се бори да ги задржи огласувачите.

Неколку корисници во петокот известија дека исчезнала новата опција за претплата со сино штиклирање како потврда, додека извор изјавил за Reuters дека таа е повлечена.

„За да се бориме против погрешното претставување, ја додадовме ознаката Official на некои профили“, беше објавено во петокот на профилот за корисничка поддршка на Twitter - кој е означен како „Official“.

URL

Знакчето беше претставено во средата - но Маск го „згасна“ само неколку часа подоцна.

Во својот прв мејл до вработените во компанијата во четвртокот, Маск предупреди дека Twitter нема да може да ја „преживее претстојната економска криза“ доколку не ги зголеми приходите од претплати за да го надомести падот на приходите од рекламирање, изјавија за Reuters три лица кои ја виделе пораката.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе