Има две можни сценарија за завршување на пандемијата со COVID-19

Пандемијата со COVID-19 уште владее низ светот, со 4.452.820 регистрирани заразени, од кои 298.737 починале, а 1.675.943 оздравеле.

Земјите низ Европа и светот почнаа со олабавување на рестриктивните мерки, со надеж дека пикот помина, па со претпазлив оптимизам се насочуваат кон „новата нормала“.

Сепак, остануваат прашањата дали, кога и како ќе заврши пандемијата?

Според историчарите, обично има две сценарија како завршуваат пандемиите: медицинско, што се случува кога ќе паднат стапките на инциденца и смртност; и социјално – кога ќе спласне епидемијата на страв од болеста.

Кога луѓето прашуваат „Кога ќе заврши ова?“, мислат на социјалниот крај, вели доктор Џереми Грин, историчар на медицина од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Со други зборови, крајот ќе дојде не бидејќи болеста исчезнала, туку бидејќи на луѓето им се смачува од живеењето во паника и научуваат како да живеат со болеста.

Алан Бранд, историчар од Харвард, смета дека нешто слично се случува и со пандемијата на COVID-19.

„Како што видовме во дебатата за рестартирање на стопанството, многу од прашања за т.н. крај се обликуваат од социополитичките процеси, а не од медицинските податоци и статистики за јавното здравје“, вели тој.

„Краевите се многу, многу сплеткани“, вели Дора Варга, историчар од Универзитетот Ексетер.

„Кога ќе погледнеме наназад, хронолошката приказна е слаба. За кого завршува епидемијата и кој кажува дека е крај?“

По патот на стравот

Стравот од епидемија може да се појави дури и кога нема епидемија на болест. Доктор Сузан Мареј од Кралскиот колеџ на хирурзи во Даблин од прва рака го видела тоа во 2014 година кога работела во рурална болница во Ирска.

Неколку месеци претходно, повеќе од 11.000 луѓе во Западна Африка починаа од ебола, ужасно вирусно заболување што беше многу заразно и најчесто завршуваше фатално. Се чинеше дека епидемијата слабее и во Ирска немаше регистрирани случаи, но стравот меѓу луѓето беше опиплив.

„На улица и во болничките одделенија, луѓето беа вознемирени“, објасни д-р Мареј во нејзиниот текст за The New England Journal of Medicine.

„Ако имавте ‘погрешна’ боја на кожата тоа значеше подмолни погледи преку рамо од другите патници во јавниот превоз. Еднаш да се закашлаш и гледаш како се тргаат од тебе.“

Во Даблин, здравствените рабтници добиле предупредување да бидат на готовс. Биле исплашени и загрижени дека немаат доволно заштитна опрема. Кога во Одделението за итни случаи болницата дошол млад пациент со потекло од земја во која имало ебола, никој не сакал да му се доближи – медицинските сестри се криеле, а докторите се заканувале дека ќе си заминат од болницата.

Само д-р Мареј била доволно храбра да го лекува, но пациентот боледувал од рак во напредна фаза и сѐ што можела да направи за него е да му пружи нега и удобност. Неколку дена подоцна тестовите покажале дека човекот нема ебола и тој починал неколку часа подоцна. Три дена потоа, Светската здравствена организација прогласи крај на епидемијата со ебола.

„Ако не сме подготвени да се бориме против стравот и неукоста подеднакво активно и посветено како што се бориме против вирусите, можно е стравот да предизвика огромна штета кај ранливите луѓе, па дури и во места каде нема ниту еден случај на заразен во време на епидемија. А стравот од епидемија може да има далеку пострашни последици кога ќе се искомплицира со расизам, привилегираност и неможност да се комуницира.“

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе