Имате проблеми со ерекцијата? Неколку совети како да си ја вратите силата во кревет

Еректилната дисфункција не е проблем за кој мажите сакаат да разговараат, па затоа и станува проблем што се одолговлекува, а во повеќето случаи може многу лесно да се реши.

Оваа состојба фрустрира и може да доведе и до депресија. Во зависност од природата на вашиот проблем, во некои случаи еректилната дисфункција може да се реши со едноставни промени во начинот и стилот на живеење, односно преку храната, нивото на вежбање, стрес и одмор во текот на неделата. Пред да се откажете и да се повлечете во себе откако сте забележале проблеми со ерекцијата, прочитајте ги овие совети и не заборавајте отворено да разговарате со вашиот партнер или партнерка.

Јадете здраво

Правилнта исхрана може да ви помогне да ја обновите сексуалната функција на неколку начини. На прво место е тежината: ако имате прекумерна тежина тоа ви одзема значителен дел од енергијата потребна за да го кренете сидрото и да имате поголема издржливост. Дебелината исто така придонесува за зголемување на крвниот притисок, што го намалува протокот на крв кон пенисот, што пак се одразува на квалитетот на ерекцијата. Затоа внимавајте на внесувањето висококалорична храна, слатки работи и прекумерно мрсна храна. Исто така внимавајте на високото ниво на холестерол во крвта, што исто така се одразува на протокот на крв кон пенисот. Храната што се препорачува за здраво срце и крвни садови важи и за овој случај: црвено вино (во умерени дози), зелен чај, јаткасто овошје и семки, маслиново масло, лосос, јагоди, боровинки, малини, рибизли, црна чоколада, овесна каша и производи од интегрално брашно.

Одморете се

Ако не сте доволно наспани ќе имате многу повеќе лоши последици отколку само умор. Ненаспаноста и неквалитетниот сон се поврзуваат со појава на срцеви болести, рак, прерана смрт и многу сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи ја еректилната дисфункција.

Неколку трикови како да спиете подобро и поквалитетно: не јадете ништо 4 часа пред спиење, намалете со кофеинските пијалоци или целосно исфрлете ги од менито, ограничете го нивото на шеќер во исхраната, не јадете мрсна храна за вечера.

Кога ќе си легнете, опуштете ги сите мускули и фокусирајте се на дишењето. Исклучете ги сите уреди што ви го одземаат вниманието: на лаптопот, таблетот, телевизорот, па и мобилниот телефон не им е местото во спалната соба. Ако мобилниот ве искушува кога е до вас, набавете часовник со аларм да ве буди наутро наместо алармот на телефонот.

Вежбајте за подобар секс

Како што рековме претходно, општата здравствена состојба и нивото на физичка спремност на телото се од големо значење за вашата сексуална издржливост. Кревањето тегови и други вежби со отпор ја подобруваат циркулацијата и крвниот пристисок, но кардио вежбите се покажале како најдобри за одржување здраво срце и крвоток. Ако не сте вежбале претходно, а имате и прекумерна тежина, не се форсирајте. Почнете полека и постепено и разговарајте со доктор и фитнес инструктор пред да почнете со вежбање.

Почнете со брзо одење и на тој начин почнете да билдате кондиција. Потоа преминете на трчање. По совет на стручњаци преминете на кардио вежби и вежби со тегови.

Контролирајте го нивото на стрес

Покрај уморот и лошата исхрана, стресот е уште еден фактор што придонесува за сериозни здравствени проблеми како дебелеење, проблеми со срцето и еректилна дисфункција. Еден начин да се справите со стресот е да издвоите по 15 минути неколку пати во денот и да применувате техники слични на тие пред спиење: исклучете ги сите звуци од околината, седнет или легнете во релаксирана положба, медитирајте или едноставно фокусирајте се на длабоко вдишување на нос и издишување на уста.

Не заборавајте дека лошите моменти се само тоа: моменти. Поминуваат и ќе остават онолку трага колку што ќе им дозволите. Не го акумулирајте стресот во себе, туку разговарајте за проблемте со партнерот, пријателите или со стручно лице.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Љубов и секс

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе