Имунитетот на COVID-19 е поголем од тоа што го покажуваат тестовите

Ново истражување на шведскиот Институт Каролинска и Универзитетската болница Каролинска покажа дека многу луѓе со благи симптоми или без симптоми на коронавирус имаат имунитет.

Истражувачите веруваат дека човечкиот имунитет е поголем од тој што го сугерираат тестовите на антитела.

„Т-клетките се вид бели крвни клетки специјализирани за препознавање клетки заразени со вирус и се важен дел од имунолошкиот систем. Напредните анализи овозможија детално да го мапираме одговорот на Т-клетките за време и по инфекцијата со коронавирусот. Нашите резултати покажаа дека отприлика двојно повеќе луѓе развиле имунитет на Т-клетки во споредба со оние кај кои можеме да утврдиме антитела“, изјави Маркус Бугерт, доцент на Центарот за инфективна медицина при Институтот Каролинска и еден од главните автори на студијата.

Во оваа студија објавени се имунолошките анализи на повеќе од 200 луѓе од кои многумина имале благи или воопшто немале симптоми. Станува збор за пациенти на Универзитетската болница Каролинска и други пациенти. Вклучени се и здрави дарители на крв, како и пациенти со тешка клиничка слика, кои развиле силен имунолошки одговор.

„Нашите резултати покажуваат дека јавниот имунитет на COVID-19 веројатно е поголем од тој што го сугерираат тестовите на антитела. Тоа е многу добра вест од перспектива на јавното здравје“, вели професор Ханс Густаф Лунгрен од Центарот за инфективна медицина.

Резултатите од ова најново истражување не се минати низ стручна проверка. Додека се чека на рецензија, студијата е објавена на официјалната страница на Институтот Каролинска.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе