Индија лансираше историска мисија на Месечината

Индија денеска ја лансираше третата мисија на Месечината со цел да стане првата земја што успешно слетала на малку истражениот Јужен Пол, пишува BBC.

Вселенското летало Chandrayaan-3 со орбитер, лендер и ровер беше лансирано денеска од вселенскиот центар „Срихарикота“, а леталото ќе стигне на Месечината на 23 или 24 август. Доколку мисијата биде успешна, Индија ќе стане само четвртата земја со „меко“ слетување на Месечината по САД, поранешниот СССР и Кина.

Третата индиска програма за истражување на Месечината, наречена Chandrayaan-3, треба да се заснова на успехот на претходните мисии на Месечината и доаѓа 15 години по првата индиска лунарна мисија во 2008 година, која ја спроведе „првата и најдетална потрага по вода на површината на Месечината и „утврдено е дека Месечината има атмосфера во текот на денот“.

Мисијата Chandrayaan-2, составена од орбитер, лендер и ровер, беше лансирана во јули 2019 година, но беше само делумно успешна. Орбитерот продолжува да кружи и да ја проучува Месечината, но лендерот не успеа безбедно да слета и падна, а причината беше дефект во системот за кочење. Сепак, Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО) ги анализираше сите податоци од таа мисија и спроведе симулации за да ги реши сите проблеми.

Вселенското летало Chandrayaan-3 тежи 3.900 килограми и чини 75 милиони долари, а целта му е „меко“ слетување на површината на Месечината. Лендерот Vikram тежи околу 1.500 килограми и во својот „стомак“ го носи роверот Pragyaan тежок 26 килограми. По денешното лансирање, патувањето на вселенското летало до орбитата на Месечината ќе трае 15 до 20 дена, по што научниците ќе почнат да ја намалуваат брзината во следните недели, за да може Vikram безбедно да слета. Ако сѐ оди според планот, роверот со шест тркала ќе се најде на површината на Месечината и ќе се движи низ карпите и кратерите во мисија да собира податоци и фотографии за да ги испрати назад на Земјата.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе