Instagram го отстрани профилот на Pornhub

Пред да биде отстранет од социјалната мрежа Instagram, Pornhub имаше над 13,1 милион следбеници и над 6.200 објави.

Овој потег следи еден месец откако Visa и Mastercard ги укинаа привилегиите за плаќање на TrafficJunky, огранок за рекламирање на MindGeek, матичната компанија на Pornhub.

Тоа следи по судската одлука на сојузниот суд во јули со која е одбиено барањето на Visa да биде отстранета од случајот во кој MindGeek е тужен за наводна дистрибуција на детска порнографија и во која се наведува дека Visa свесно овозможила на MindGeek да ги претвори во готовина парите од нелегалната содржина.

На Instagram профилот, Pornhub споделуваше непорнографски видеозаписи и фотографии, но според Доун Хокинс од Националниот центар за сексуална злоупотреба, „промовирал порнографија и прикажувал видеа како Next Career Goal“, кои ги поттикнуваат луѓето да се занимаваат со порнографија.

Центарот е дел од поддржувачите кои лобираа Pornhub да биде отстранет од Instagram.

„Instagram храбро одлучи да го прекине партнерството со Pornhub и време е сите корпоративни субјекти да го следат овој примeр“, изјави Хокинс.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе