Instagram тестира опција за гасење на известувањата за прочитана порака

Instagram работи на нова функција која ќе им овозможи на корисниците да ја исклучат потврдата (известувањето) за прочитана порака во инбокс. Социјалната мрежа во сопственост на Meta не соопшти кога функцијата ќе биде достапна за корисниците.

WhatsApp, апликација за пораки, исто така во сопственост на Meta, веќе има слична функција која им овозможува на корисниците да изберат дали другите можат да видат дали пораката е прочитана или не.

Апликацијата Facebook Messenger на Мета ја нема таа опција.

Првиот човек на Instagram, Адам Мосери, не го потврди датумот на пристигнувањето на функцијата или приближното време кога може да се очекува, но кога ќе биде достапна, корисниците ќе ја најдат во табулаторот за поставки за приватност. Тековното мени на апликацијата се разликува од она на скриншотот објавен од Мосери, што значи дека може да се очекува и редизајн на менито.

Instagram претходно соопшти дека работи на нова функција која ќе им овозможи на корисниците да додаваат медија на постоечки carousel фотографии откако ќе добијат покана од пријател. Ова ќе бара одобрение од оригиналниот објавувач за какви било дополнителни фотографии и клипови. Оваа функција се очекува да го подобри заедничкото споделување на платформата.

Исто така, опциите за прилагодување на фидот ќе се зголемат бидејќи компанијата тестира функција која ќе им овозможи на корисниците да изберат што сакаат да видат на нивниот фид. Ќе им бидат понудени три опции, имено Following, Favorites и Meta Verified.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе