СЕРИЈА А 2021/22

Инѕаги: Интер не можеше да посака подобар старт

Новиот предводник на италијанскиот шампион признава дека не можеле ни да помислат на подобар старт на новата сезона откако синоќа ја средија Џеноа со убедливи 4:0.

„Бев прилично убеден дека тимот ќе одигра добро бидејќи ги гледав како тренираат со ентузијазам уште од 8 јули, гладни да научат нови концепти. Не можевме ни да посакаме подобар старт, особено не пред нашите навивачи кои беа назад на трибините“, вели Симоне Инѕаги говорејќи за DAZN.

Тој седна на клупата на Интер веднаш по завршувањето на ланската сезона менувајќи го Антонио Конте кој заврши одлична работа носејќи му го на клубот првото Скудето после 11-годишен пост.

„Беше интересно да се гледа овој тим. Стефано Сенси не ја играше својата препознатлива улога, но тој беше толку добар на тренинзите што едноставно морав некаде да му најдам место. Мора да продолжиме во ист стил“, додаде тој.

Синоќа Интер во почетните единаесет настапи со двајца дебитанти: Хакан Чалханолу, кој дојде од Милан, и Един Џеко од Рома. И двајцата постигнаа гол. Прво Милан Шкриниар во 6. минута го отвори резултатот, потоа Чалханолу во 14-тата дуплираше, Артуро Видал во 74. минута погоди за 3:0, а Џеко на три минути пред крајот ја запечати победата. Чалханолу и Џеко запишаа и по едан асистенција за првите два гола.

За Џеноа 90 минути на теренот одигра Горан Пандев.

Remote video URL

„Чалханолу е одличен играч, способен да ги обедини квалитетот и квантитетот. Тој претрча многу за тимот. Секогаш кога играв против него ми создаваше многу проблеми. Среќни сме што го доведовме и верувам дека ќе стане уште подобар бидејќи тој не ни сфаќа колку добар навистина е“, заврши Инѕаги.

Наредниот предизвик за Интер е в петок вечер од 20:45 кога гостува кај Верона.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе