Ирачанец го запали Куранот во Шведска, доби дозвола од полицијата

Шведската полиција му дозволи на 37-годишен бегалец од Ирак да организира палење на Куранот синоќа пред главната џамија во Стокхолм.

Според шведските медиуми, овој „настан“ го организирал Салуан Момика, човек кој пред неколку години побегнал од Ирак. Како што објасни, претходно побарал дозвола од полицијата да организира јавно палење на светата книга за да го каже своето мислење за Куранот.

„Ова е демократија. Во опасност е ако ни кажат дека не можеме“, рече Момика, обраќајќи се на арапски јазик.

Пред палењето на Куранот, Момика зборуваше со толпата пред џамијата, а потоа зеде парчиња сланина и ги стави во светата книга.

„Потоа запали неколку страници од Куранот и со нозете ја газеше книгата. Ја шутна како фудбалска топка, додека го вееше шведското знаме“, пишуваат локалните медиуми.

Бројни граѓани пристигнаа пред џамијата за да го осудат овој чин и истакнаа дека не е соодветно да се понижуваат другите луѓе, нивната религија и ставови.

Иако од шведската полиција беше побарано да го забрани настанот, властите рекоа дека безбедносните ризици поврзани со палењето на Куранот не се од таква природа што, според сегашните закони, би можеле да ја оправдаат одлуката за одбивање на барањето за одржување на собирот.

„Настанот се одвиваше мирно и помина без инциденти“, соопшти стокхолмската полиција.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе