Иран повторно отвори амбасада во Саудиска Арабија

Иран по седум години повторно ја отвори својата амбасада во Саудиска Арабија, јавува Reuters.

Вратите на комплексот на иранската амбасада во Ријад се повторно отворени, а персоналот го проверува комплексот. Дипломатската мисија беше отворена неколку часа откако иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека техничка делегација пристигнала во кралството. Тоа е резултат на договорот за обновување на дипломатските врски меѓу регионалните ривали, со посредство на Кина.

Саудијците и Иранците ги прекинаа односите во 2016 година.

„Иранската делегација ќе ги преземе неопходните мерки во Ријад и Џеда за да формира амбасада и генерален конзулат“, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канаани во соопштението. Саудиските власти, пак, пристигнаа во Иран за да разговараат за повторно отворање на амбасадата на Ријад во Техеран и конзулатот во Машад, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Саудиска Арабија ги прекина односите со Иран во 2016 година по нападот врз нејзината амбасада во Техеран откако Ријад погуби шиитски свештеник. Кралството потоа им даде на иранските дипломати 48 часа да го напуштат Ријад додека го евакуираат нивниот персонал од Техеран.

Односите почнаа да се влошуваат претходната година по интервенцијата на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во војната во Јемен, во која Иран ја поддржува спротивната страна - Хутите, кои ја соборија владата поддржана од Саудиска Арабија. Во неделата Саудијците и Хутите разговараа за постигнување мир.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе