Исчезнаа 2,5 тони ураниум од Либија

Инспектори на нуклеарна контрола од Обединетите нации открија дека околу 2 и пол тони природен ураниум исчезнале од наоѓалиште во Либија, кое повеќе не е под контрола на владата на државата, јавија западни медиуми.

При завчерашната инспекција, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврдиле дека „10 буриња во кои имало околу 2 и пол тони природен ураниум во форма на UOC (концентрат на руда од ураниум), кој (Либија) претходно го пријавиле за складирање на таа локација, не се на тоа место“, рече шефот на МААЕ, Рафаел Гроси.

Наодот е резултат на инспекцијата првично планирана за минатата година, која „мораше да се одложи поради безбедносната ситуација во регионот“ и конечно беше извршена завчера, се вели во доверливата изјава на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.

„Губењето на информации за моменталната локација на нуклеарниот материјал може да претставува радиолошки ризик, како и загриженост за нуклеарната безбедност“, се вели во извештајот, додавајќи дека за да се стигне до локацијата потребна е „сложена логистика“.

Во 2003 година, Либија под тогашниот лидер Моамер Гадафи се откажа од својата програма за нуклеарно оружје, која имаше центрифуги што може да збогатуваат ураниум, како и информации за дизајн на нуклеарна бомба, иако постигна мал напредок.

Во Либија нема мир по 2011 година, кога беше соборен Гадафи. Од 2014 година, политичката контрола е поделена меѓу ривалските источни и западни фракции, а последниот голем конфликт заврши во 2020 година.

Привремената влада на Либија, формирана на почетокот на 2021 година преку мировен план поддржан од ОН, требаше да трае само до изборите закажани за декември истата година, кои сè уште не се одржани, а нејзиниот легитимитет сега е исто така оспорен.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе