Искрен трејлер за The Da Vinci Code
The Da Vinci Code е американски мистерија-трилер од 2006 година, во режија на Рон Хауард, по сценарио на Акива Голдсман, и заснован на истоимениот роман на Ден Браун од 2003 година.
Во филмот играат Том Хенкс, Одри Тоту, сер Иан Мекелен, Алфред Молина, Јирген Прохнов, Жан Рено и Пол Бетани.
Филмот, како и книгата, се сметаше за контроверзен. Наиде на особено остри критики од Католичката црква за обвинението дека стои зад двеилјадигодишно прикривање во врска со тоа што навистина е Светиот Грал и концептот дека Исус Христос и Марија Магдалена биле во брак и дека од таа заедница имале ќерка.
Филмот заработи 224 милиони долари во првиот викенд на прикажување ширум светот и вкупно 760 милиони долари ширум светот, станувајќи втор филм со најголема заработка во 2006 година, како и филм со најголема заработка на Хауард досега. Сепак, филмот доби генерално негативни критики од критичарите. Следеа две продолженија, Angels & Demons (2009) и Inferno (2016).
Screen Junkies сега подготвија и искрен трејлер за филмот што остана обожаван од публиката, ако не од критиката.