Исповед на Дани Освалдо: Се борам со алкохол и дрога, живеам затворен

Поранешниот италијански репрезентативец Даниел Освалдо (38) ја шокираше јавноста со синоќешната објава на Instagram каде призна дека веројатно минува низ најтешкиот период во животот.

Имено, Освалдо низ солзи зборуваше за своето ментално здравје и за зависностите што му се појавиле.

„Тешко ми е, но мислам дека е време затоа што сум прилично очаен. Воопшто не ми оди добро, чувствувам потреба да кажам дека веќе некое време се борам со депресија што ме доведе до некои зависности - алкохол и дрога. Чувствувам дека животот излегува од контрола. Јас сум на психијатриско лекување, пијам лекови. Имам специфична болест, губење на самодовербата, депресија и многу пати се враќам на зависностите. Паѓам во самоуништување и практично живеам затворен дома. Не одам никаде, не ми ме интересира да станам од кревет, излегувам од соба, да јадам... паднав во многу тешки зависности кои само ја влошија мојата депресија“, раскажа Освалдо.

Во продолжението на признанието рече дека ова не го кажува затоа што глуми жртва, туку за сите да ја разберат причината за неговите погрешни одлуки.

„Се лекувам на психијатрија, но тешко ми оди. Повторно запаѓам во зависност и се дистанцирам од луѓето што ги сакам. Во минатото бев врвен фудбалер, бев сосема друга личност, горд и самоуверен. Ова е личност која не ја препознавам. Многу е тешко да се каже што е реално, а што не. Не можам сам да излезам од тоа. Сакам да излезам од тоа, сакам да се вратам во битието што бев порано. Сега не знам како да излезам од оваа куќа, немам стабилна работа, ги потрошив сите пари. Секогаш бев добар пријател, добар другар, се надевав дека ќе бидат добар татко“, рече тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dani Stone (@daniosvaldobv)

Инаку, Освалдо во текот на кариерата настапуваше за Уракан, Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Еспањол, Рома, Саутемптон, Јувентус, Интер, Бока Жуниорс, Порто и Банфилд.

Роден Аргентинец, ги бранеше боите на Италија поради италијанското потекло, но одигра само 14 натпревари на кои постигна 4 гола. Никогаш не заигра на ЕУРО или Мундијал.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе