ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Истече рокот за поднесување кандидатури за локалните избори

Ноќеска на полноќ истече крајниот рок до кога политичките партии, коалициите и независните кандидати и листи требаше да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври до Општинските изборни комисии (ОИК). Државната изборна комисија (ДИК) најави дека во текот на денов ќе ја соопшти точната бројка на поднесени кандидатски листи за изборите.

Откако Општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури и тоа најдоцна до 18 септември, тие ги доставуват листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивниот редослед, што треба да се одржи најдоцна до 23 септември. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб-страницата на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.

Предвидено е овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи на кандидати за локалните избори, најдоцна до 23 септември на централно ниво да потпишат Кодекс за фер и демократски избори, во организација на Државната изборна комисија, во соработка со Националниот демократски институт.

Со Кодексот за фер и демократски избори, што ДИК го усвои на својата седница одржана во петокот, учесниците во изборниот процес ќе се обврзат да ги почитуваат принципите на демократија и доброто владеење, со цел да се зацврстат фундаменталните вредности на демократијата и довербата во изборниот систем. Со Кодексот за фер и демократски избори учесниците во изборниот процес, исто така, ќе се обврзуваат да ги почитуваат законите кои се релевантни за изборите и да не вршат притисок врз гласачите, да не се користи говор на омраза и да не се врши дискриминација врз основа на пол.

Паралелно со ова, во ДИК во тек е обука на инструкторите за употребата на апаратите за земење отпечатоци од прстите што ќе се користат на локалните избори за биометриска идентификација на гласачите. За таа цел во текот на денешниот ден во земјава треба да тристигнат тројца обучувачи од Германија, кои ќе ја спроведат обуката.

Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври на полноќ. Изборите ќе се одржат со почитување на мерките за превенција од ширење на COVID-19.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе