В недела на „Џузепе Меаца“ судијката Фериери Капути ќе биде придружувана од помошничките Ди Монте и Трашати.
За прв пат на еден натпревар од Серија А судискиот тим ќе биде целосно женски. Тоа ќе се случи в недела во 12:30 часот за натпреварот меѓу Интер и Торино, натпревар за прослава на Скудетото на „Нераѕурите“.
Мариа Соле Фериери Капути од Ливорно ќе биде придружувана од помошничките Франческа Ди Монте и Тициана Трашати.
Вакво нешто веќе се случи во Серија Би и во Копа Италија, а сега на ред е шлагот на тортата - Серија А.