Историски договор на Г20 за државниот долг на сиромашните држави

Земјите од групата 20 најразвиени економии во светот за првпат постигнаа договор за заедничка рамка за преструктуирање на државните долгови, проценувајќи дека кризата со коронавирусот им отежнува на некои сиромашни земји да ги подмират своите обврски и им треба помош.

Бидејќи финансиите на некои земји во развој се многу напнати поради пандемијата на COVID-19, министрите за финансии на Г-20 денеска објавија дека им треба повеќе помош од сегашното привремено замрзнување на долгот, кое ќе биде продолжено до 30 јуни 2021 година.

Големите доверители, вклучително и Кина, се очекува да ги следат заедничките упатства договорени во рамките на Г20, кои утврдуваат начини за намалување или презакажување на долгот што се смета за неодржлив.

Невладините организации проценија дека договорот требаше да отиде чекор понатаму со вклучување на земји со среден приход и обврска на приватните инвеститори да прифаќаат отписи.

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, го поздрави договорот, нагласувајќи дека усвоената заедничка рамка на Г20 за долг е „многу важен чекор“ кон подобрување на меѓународната структура на долг. 

URL
Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Свет

Радикална десница влезе во Парламентот на Каталонија: Каде што владеат муслиманите, почнува варварството

Read more

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар

Read more

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Read more

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more
 

Вести

Радикална десница влезе во Парламентот на Каталонија: Каде што владеат муслиманите, почнува варварството

Читај повеќе

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Читај повеќе

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар

Читај повеќе

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Читај повеќе

Без струја корисници од Долно Лисиче

Читај повеќе

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Читај повеќе

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе