Историско зголемување на платите на француските здравствени работници

Француската влада се согласи да одобри зголемување на платите за вработените во здравството во вкупен износ од 8 милијарди евра, поздравувајќи ја нивната улога во борбата против коронавирусот.

Синдикатите вчера го потпишаа историскиот договор по седум недели жестоки преговори.

Здравствените работници добија статус на херои во Франција за време на пандемијата и граѓаните редовно и ревносно им ја покажуваа својата благодарност за вложениот труд и пожртвуваност.

Но, лекарите и здравствениот персонал побараа повеќе од оддадено признание и почнаа протести на кои побараа зголемување на платите и поголемо финансирање за болниците.

Некои демонстранти беа парично казнети за кршење на правилата за социјално дистанцирање.

Владата и синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите на здравствените работници за 183 евра месечно, во просек.

Најголем дел од пакетот покачувања ќе ги покрие платите на медицинските сестри, негувателите и немедицинскиот персонал. Околу 450 милиони евра се резервирани за доктори кои работат само во јавниот сектор.

Франција е една од најтешко погодените земји од коронавирусот во Европа, со над 200.000 заразени и 30.000 смртни случаи.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе