Истражување: 51 отсто од младите се сметаат за религиозни

Четириесет и два отсто од младите целосно се согласуваат дека државата во целост ги почитува религиозните права и слободи на граѓаните, а 36 отсто донекаде се согласуваат со ова тврдење.

Ова, како што соопшти Институтот за политички истражувања - Скопје, го покажуваат резултатите од  истражувањето насловено „Младинска религиска писменост“, спроведено во август на 1.103 млади испитаници на возраст меѓу 18 и 35 години, на национално ниво по телефонски пат.

Од вкупниот број испитаници 23 отсто сметаат дека доколку се загрозени религиозните слободи и права, институциите за заштита на тие права реагираат навремено и соодветно, донекаде се согласиле 25 отсто, делумно не се согласиле 21 отсто, додека воопшто не се согласиле 15 отсто од нив.

Според 48 отсто од испитаниците, институциите реагираат доколку се загрозени религиозните слободи, а 36 отсто сметале дека институциите не реагираат соодветно кога се загрозени религиозните права и слободи.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 51 отсто од испитаниците се изјасниле дека се сметаат за религиозни, додека дополнителни 34 отсто се изјасниле дека сметаат дека се донекаде религиозни, што вкупно претставува 85 отсто од сите млади граѓани меѓу 18 и 35 години.

Истражувањето го спровеле проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска, проф. д-р Александар Спасеновски и проф. д-р Владимир Божиновски во соработка со Институтот за политички истражувања - Скопје.

Тагови
реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе